Федерер елиминиран од УС Опен


Вториот носител на Грен слемот во Њујорк, Роџер Федерер рано утрово загуби од Џон Милман во осминафиналето со резултат 1-3, по сетови 6:3, 5:7, 6:7 и 6:7. Мечот траеше повеќе од три часа и 38 минути.  По овој исход љубителите на тенисот ќе останат без очекуваната „класика“ Ѓоковиќ – Федерер.

Во четвртфиналето на УС Опен ќе играат: Ѓоковиќ – Милнер, Чилиќ – Нишикори, Дел Потро – Изнер и Надал – Тим.