Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Нови рочишта за „Титаник“ на СЈО се закажани за 16 и 17 август, додека последната недела од август продолжуваат и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина и Таргет“. За време на судската ферија од 15 јули до 15 август во Кривичниот […]

(Фото) Бел џинс: Класиката стана тренд


САД– Од Карли Клос до Кејт Мос, од Бијонсе до Бела Хадид. Сите во лето му се навраќаат на белиот џинс кој може да биде и свечен, деловен  и кежуал. Зависи каде го носите и со што го комбинирате. Спортски изгледа со црна маица како што го комбинираше стилската икона Џеки Кенеди, деловен со костум […]

Еден загинат и 22 повредени во сообраќајки во Скопје за време на викендот


Едно лице загинато и 22 повредени, од кои едно потешко, е билансот од вкупно 25-те сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Скопје за време на викендот. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета. Според извештајот на СВР Скопје, за време на викендот 116 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, а од сообраќај се […]

(Фото) Ангелите на „Викторијас сикрет“ во нова рекламна кампања


САД– Ангелите на „Викторијас сикрет“ повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна кампања. Кампањата е насловена ‘Body by Victoria’. Топ моделите со тела од соништата, Џозефин Скривер, Лаис Рибеиро, Тејлор Хил, Елса Хоск и Џасмин Тукс се главни протагности во новата кампања на американскиот бренд на долна облека. Акцентот на колекцијата е на деликатната […]

Голем пожар на грчкиот остров Евија


Во централниот дел на грчкиот остров Евија од вчера бесне голем пожар, поради што власите спроведоа евакуација на две села и еден манастир. Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ остров, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евија, властите наредија траект линиите […]

Дневен детален хороскоп


ОВЕН: Сте се сетиле ли некогаш дека треба да застанете, да здивнете и да се прашате дали вредеа вашите напори? Немојте да се криете поради стравот од очекувањата на другите луѓе. Заслужувате да бидете свои. Таленти. Резултати. БИК: Откривате нови извори на стимулација – ги препознавате активностите и луѓето што ви даваат мотивација. Време е […]

Договорот со Грција – „рамковен договор“ за името


Кога беше усвоен Охридскиот рамковен договор во 2001 година, под многу деликатни и тешки околности, меѓународната заедница ги поздрави победата на  дипломатија и храброста на лидерите. Денешното одбележување на 17-годишнината од неговото потпишување во претседателската резиденција на Водно го краси одредена посебност, врзана со исклучително важниот момент за државата – плебисцитарното изјаснување за договорот со […]

Концерт на Дрилон Чочај на „Охридско лето“


Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма, со соло концертот на косовскиот гитарист Дрилон Чочај во катедралната црква „Света Софија“. Дрилон Чочај со гитарата се запознава на седумгодишна возраст во кругот на семејството. Подоцна се запишува во музичкото училиште „Лоренц Антони“ во Призрен, а во 2004 година ги запишува своите додипломски студии […]

На Богородица и Табановце се чека до 15 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, одобено кон туристичките места и граничните премини. На граничните премини Богородица и Табановце, за излез од Македонија се чека од 10 до 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Сообраќајот на државните […]

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ за 17 години Рамковен договор


Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања. – Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. […]

Македонија се подготвува за 5Г, 180.000 семејства во „бели зони“


Значително поголема брзина на податочните услуги, промени во начинот на користење интернет, нови продукти од мобилните мрежи на операторите, намалување на бројот на досега регистрираните 180.000 семејства во т.н „бели зони“ – подрачја на кои не постои можност за широкопојасен пристап, а има  потенцијал за користење. Toa се дел од придобивките од воведувањето на 5Г […]

Надал победник на Роџерс купот


Канада– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал забележа лесен триумф над Гркот Стефанос Циципас синоќа во финалето на Роџерс купот во Торонто, Канада. За Надал ова беше 80. трофеј од АТП турнирите. Мечот траеше 1 час и 43 минути и заврши со резултат 6:2 и 7:6. Наградниот фонд на Мастерсот во Торонто изнесуваше 5,3 милиони долари.

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите денес


ОВЕН: Сте се сетиле ли некогаш дека треба да застанете, да здивнете и да се прашате дали вредеа вашите напори? Немојте да се криете поради стравот од очекувањата на другите луѓе. Заслужувате да бидете свои. Таленти. Резултати. БИК: Откривате нови извори на стимулација – ги препознавате активностите и луѓето што ви даваат мотивација. Време е […]

Сончево и топло со температура до 37 степени


Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.

И кучињата можат да уживаат во базен


Релаксација за сопствениците и забава за милениците. Ова е идејата на забавниот парк за кучиња „Ав-ав хепи дог“, кој се наоѓа во скопско Бардовци. Замислен е како е проект со кој ќе се обезбеди заштита на животните преку времено вдомување и нега на бездомните кучиња, а во исто време како дневна градинка и хотел за […]

Триумфи на Победа и Академија Пандев


Две победи за домашните и едно реми е епилогот на трите денешни средби од првата рунда од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Победа ја совлада Беласица со 1:0, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1 и Силекс – Шкупи 1:1 се резултатите на неделните натпревари. Вчера во дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и […]

Мигранти настрадале од одрон на камења во Хрватска


Двајца мигранти настрадале од одрон на камења во Хрватска. Според полициски извори, група од 12 мигранти спиеле во шума во близина на Карловац, кога утрово огромни камења се одрониле и од висина од над 45 метри паднале врз нив. Како што пренесуваат хрватските медиуми, еден од мигрантите настрадал на лице место, откако каменот му паднал […]

Ноќеска доаѓа дожд од метеори


Секоја година кон средината на август паѓа метеорски дожд, а тој природен феномен повторно ќе се случи ноќеска. Дождот од т.н. Персеиди, односно метеорски роеви, е специфичен по метеорите кои се многу „поогнени“ и посветли од типичните. Оваа година се очекува вистински спектакл на небото, имајќи предвид дека во време на овој метеорски дожд месечината ќе […]

Банкарската тајна и сега мислена именка во Македонија


И покрај реакциите во јавноста од најавата дека УЈП ќе добие месечен увид во банкарските сметки на граѓаните, факт е дека тие и сега, според важечкиот Закон за банките не се банкарска тајна за низа институции во земјава. До нив пристап има Народната банка, Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и […]

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути


На граничниот премин Табановце попладнево за излез од државата се чека половина час, а на граничниот премин Богородица околу 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото стојзот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]