Надал победник на Роџерс купот


Канада– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал забележа лесен триумф над Гркот Стефанос Циципас синоќа во финалето на Роџерс купот во Торонто, Канада. За Надал ова беше 80. трофеј од АТП турнирите. Мечот траеше 1 час и 43 минути и заврши со резултат 6:2 и 7:6.

Наградниот фонд на Мастерсот во Торонто изнесуваше 5,3 милиони долари.