Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите денес


ОВЕН: Сте се сетиле ли некогаш дека треба да застанете, да здивнете и да се прашате дали вредеа вашите напори? Немојте да се криете поради стравот од очекувањата на другите луѓе. Заслужувате да бидете свои. Таленти. Резултати.

БИК: Откривате нови извори на стимулација – ги препознавате активностите и луѓето што ви даваат мотивација. Време е да ги задоволите своите желби. Правете пари. Размислете со кого би сакале да уживате и да бидете заедно.

БЛИЗНАЦИ: Условите во животот се подобруваат и она за кое сметавте дека е препрека, сега станува предност. Не брзајте во ништо, туку најдете време за себе и менаџирањето на физичката состојба. Грижа за здравјето. Прифатете се.

РАК: Промените низ кои минувавте привршуваат и сега имате поинаква слика за реалноста. Откривате способности, важни цели и шанси, како и солуции за личниот пат. Отворете се. Погледнете ги луѓето поинаку. Откријте нешто ново.

ЛАВ: Се здобивате со позиција што може да ви донесе стабилност и да ви отвори можности за развој на други способности. Сменете ја рутината и здобијте се со баланс. Живејте ги своите емоции и научете нов начин да се справите со нив.

ДЕВИЦА: Добро ги согледувате своите квалитети, а Месечината од вашиот знак ви помага во консолидирање на врските. Вашите активности се прошируваат и наоѓате нови начини да ги користите алатките што ги имате. Пријателства.

ВАГА: Подгответе се за загуба која потоа ќе се покаже како добивка – сега е време да им се посветите на своите активности и да постигнете стабилност во афективниот сектор. Бидете отворени и прифатете го она што ви го нудат луѓето.

СКОРПИЈА: Сакате да отворите нови портали во својот живот – знаете дека го имате основното за тоа, но сакате повеќе. Добро ќе биде да ги контролирате своите апетити, бидејќи имате склоност да ги гледате нештата црно или бело.

СТРЕЛЕЦ: Правите важна чистка во својот живот и се соочувате со сите улоги и костуми што ги носевте во минатото. Сфаќате дека се однесувате повеќе како што сакаат другите, отколку вие самите и тоа е причината што ништо не успева.

ЈАРЕЦ: Постигнувате многу и се ослободувате од предрасудите – денес е ден кога треба да ги погледнете работите поинаку. Минувате низ важни промени и сметате дека не должите ништо и никому. Сè што ви значеше веќе не е важно.

ВОДОЛИЈА: Ретроградниот Меркур во Лав ве инспирира да ја рекреирате својата врска со светот – дефинирајте точно што сакате, а потоа тргнете кон тоа. Споделете ги своите ресурси со другите, како и својата добра волја и енергија.

РИБИ: Правите реновирање во својот живот и ги отстранувате старите пријатели и активности – сфаќате дека треба да ја култивирате прво својата градина, а потоа да решите што ќе засадите одново. Сакате нова средина и пријатели сега.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]