Триумфи на Победа и Академија Пандев


Две победи за домашните и едно реми е епилогот на трите денешни средби од првата рунда од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Победа ја совлада Беласица со 1:0, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1 и Силекс – Шкупи 1:1 се резултатите на неделните натпревари.

Вчера во дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и Вардар немаше победник (2:2), додека Ренова во Скопје го совлада Работнички со 4:3.