Завршни зборови на обвинителството за случајот „Труст“, рочиштето продолжува во понеделник


На денешното судско рочиште за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, обвинителството ги изнесе завршните зборови по што одбраната побара одлагање за нивните завршни зборови, а судот одлучи завршните зборови на одбраната да бидат наведени во понеделник. Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност […]

Вработените во Фиат ќе штрајкуваат поради исплатата за трансферот на Роналдо


Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра. Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите. – Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата […]

И покрај најавите: Театарот во Скупи ќе се конзервира, но нема да се реконструира


Античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, почнувајќи од идната недела, во траење од два и пол месеца, ќе се конзервира, но нема да се реконструира како што беше предвидено и најавувано со години. Ова беше соопштено на прес-конференција во Скупи, од Елеонора Петрова-Митевска, директорка на Управата за заштита на културното наследство, и од Роберт Алаѓозовски, […]

Притвор од 30 дена за 70-годишниот педофил од Прилеп


Притвор од 30 дена му е одреден на 70-годишниот прилепчанец кој изврши полов напад врз петгодишно девојче. Во денешниот полициски билтен се наведува дека против 70-годишниот С.Ч. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Случајот во полиција го пријави 23-годишната мајка на девојчето. […]

Затвореник повредил двајца полицајци откако бил прегледан во болницата во Прилеп


Затвореник од Казнено-поправната установа во Прилеп повредил двајца полициски службеници кои требало заедно со уште еден затвореник да ги спроведат од Општата болница во Битола до затворот. Инцидентот се случил вчера околу 16 часот во кругот на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп кога полициските службеници со службено возило требало по завршување на лекарските прегледи на […]

Првпат во Македонија: Проф. д-р Николиќ од „Аџибадем Систина“ вгради вештачко срце кај пациент


Проф. д-р Александар Николиќ, кардиохирург во клиничката болница „Аџибадем Систина“ му вгради целосно вештачко срце на пациент, 46-годишен маж од Штип, кој страдал од исклучителна срцева слабост. Операцијата која траела пет ипол часа завршила во средата рано наутро, и комплетно ја извел тим од „Аџибадем Систина“ на чело со проф. Николиќ. Пациентот се чивствува добро […]

Во сабота ќе се прска против комарци


Во сабота во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција, додека, пак, во понеделник по земја ќе се прска против ларви од комарци, информираат од Градот Скопје. Доколку врне, прскањето ќе се одложи за првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Филипче: Изминатите шест месеци вработени се 1.100 лица во јавното здравство


Во изминатите шест месеци околу 1.100 лица се вработени во јавните здравствени установи, најмногу доктори и сестри, а многу малку административни работници. Ќе продолжиме да ги имплементираме сите мерки со цел да ги задржиме младите доктори во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека ќе продолжат со зголемување на платите од септември, дополнително и од […]

Украдени лаптоп компјутери и опрема од основното училиште во Чаир


Од основно училиште во Чаир украдени се лаптоп компјутери, полначи и глувчиња за компјутери при што е причинета материјална штета од 576 илјади денари. Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Бит Пазар. Според полицискиот билтен, таа се случила во основно училиште на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 6 до 10 овој […]

Втор ден протест на такси возачите на Бит Пазар


Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар. Таксистите најавија дека денеска ќе ја блокираат крстосницата се до 16:30 часот доколку не се оствари средба или не добијат некаков одговор […]

Клиниката за гастроентерохепатологија отвори кабинет за клиничка исхрана


Препораки за исхраната според заболувањето, за прехранбените потреби, како и контрола, а со цел побрзо оздравување ќе добиваат пациентите во Кабинетот за клиничка исхрана, кој денеска беше отворен на Универзитетската Клиника за Гастроентерохепатологија. Во Кабинетот за клиничка исхрана, кој првпат се отвора во Македонија, совети ќе добиваат пациентите кои треба да добиваат специфична исхрана (ентерална […]

Собраниската комисија за одбрана ќе предложи декларација за поддршка за членството во НАТО


Собраниската комисија за одбрана и безбедност ќе му предложи на Парламентот декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО. – Очекуваме дека оваа декларација ќе биде со акламација усвоена на седницата на Собранието следниот вторник, на 17 јули, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за одбрана Хари Локвенец. На координативниот состанок на […]

Македонските актери ќе го чистат Клинички центар


Македонските актери решија да започнат акција за чистење на Клиничкиот центар во Скопје од натрупаното ѓубре. Идејата ја започна актерката Сања Арсовска чиј матичен театар е Драмски, а во исто време е и претседателка на Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ). Арсовска на својот профил на „Фесјбук“ ги повика колегите-актери да ја започнат акцијата […]

Бесплатното лекување нема да се одрази на работењето на клиниките и болниците


Од почетокот на идната година болничкото лекување ќе биде целосно бесплатно, но тоа не значи дека клиниките и болниците ќе останат без средства. Од буџетот преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе се вложи дополнителен износ средства во сите клиники и болници. Во никој случај нема да се намали бројот на новите методи кои […]

Një qytetar i Shkupit hynte në firma dhe vidhte çantat e të punësuarve


Kallëzim penal është ngritur kundër një shkupjani 39-vjeçar i cili i ka kryer katër grabitje në firma në Shkup dhe më pas ka përfituar dobi pronësore të paligjshme prej rreth 62 mijë denarësh. Gjykatësi me procedurë paraprake i caktoi masë arresti në kohëzgjatje prej tetë ditësh. Policia sot kumtoi se i dyshuari B.D. vjedhjet i […]

Gjyshi i Tamarës dënohet me 7.5 vite burg për tentim-vrasjen ndaj Nikolla Todorovit


Gjashtë vite e gjysmë burg është dënimi që sot ka marrë Ljupço Stojanovski, gjyshi i Tmarës së vogël nga Velesi, për tentim-vrasjen ndaj ish-ministrit të Shëndetësisë, Nikolla Todorov. Stojanovski më 1 qershor të vitit të kaluar gjuajti me armë në drejtim të Nikolla Todorovit, me arsyetimin se ai ka qenë shkaktarë për vdekjen e mbesës […]

Ali Ahmeti uron qytetarët e Maqedonisë me rastin e marrjes së ftesës për në NATO


Kryetari i Bashkimit Demokratik për Integrim, Ali Ahmeti përmes faqes që tij në Fejsbuk ka uruar, qytetarët e Republikës së Maqedonisë për marrjen e ftesës për anëtarësim në NATO. “Kam kënaqësinë e veçantë që të uroj të gjithë qytetarët e Republikës së Maqedonisë për marrjen e ftesës për anëtarësim në NATO që paraqet arritje të madhe […]

Три протести ги изменија трасите на ЈСП


Три протести на различни локации најавени за денеска ги изменија трасите на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие. Голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а некои од нив ќе возат по скратена траса од вообичаената, според условите на сообраќајниците и наложениот режим од страна на сообраќајната полиција. Поради протестот на Бит пазар во периодот […]

Седум и пол години затвор за дедото на Тамара


Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара е прогалсен за виновен и осуден на седум години и шест месеци затвор за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судот ги зел предвид и олеснителните околности, односно тоа што шеесет и едногодишниот Стојановски има висок притисок и други здравствени проблеми, но и отежнувачките околности, односно […]

Заев и Димитров во прегратка на Колинда


Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров го честитаа пласманот на хрватската фудбалска репрезентација во финалето на Светското првенство во Русија. Тие ја прегрнаа хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, која облечена во националниот дрес, им даде поддршка на сонародниците на Самитот во НАТО во Брисел. Во нејзино отсуство, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ […]