Во сабота ќе се прска против комарци


Во сабота во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција, додека, пак, во понеделник по земја ќе се прска против ларви од комарци, информираат од Градот Скопје. Доколку врне, прскањето ќе се одложи за првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.