Три протести ги изменија трасите на ЈСП


Три протести на различни локации најавени за денеска ги изменија трасите на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие. Голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а некои од нив ќе возат по скратена траса од вообичаената, според условите на сообраќајниците и наложениот режим од страна на сообраќајната полиција.

Поради протестот на Бит пазар во периодот од 12 до 16.30 часот, изменет режим на сообраќање ќе важи за автобуските линии 2, 8, 9, 12, 17, 19, 45, 50, 54, 55, 57, 59, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 65В, 73, како и за сите останати градски и приградски линии кои по редовната траса минуваат преку Бит пазар.

За периодот од 15 до 17 часот е најавен и протест на крстосницата на „Рузвелтова“ со булевар „Партизански одреди“. Автобусите што сообраќаат во овој реон ќе возат во зависност од моменталните услови на улиците, односно по траса наложена од сообраќајната полиција.

Вообичаено, како и во изминатите неколку денови, и вечерва во периодот од 20 до 22.30 часот поради протестот пред Собранието затворен за сообраќај ќе биде центарот на градот. Возилата од јавниот сообраќај ќе бидат пренасочени по улица „Даме Груев“ (позади Собранието) и по булеварот „Свети Кирил и Методиј“ (кај Рамстор).