Вучиќ: Србите не би го признале Косово за членство во ЕУ


Тешко дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека само компромис може да ја изведе српската покраина од состојбата „замрзнат конфликт“, јави Танјуг пренесувајќи делови од интервју на Вучиќ за Ројтерс. Тој вели за какво било решение или одлука мора да се […]

Ориентална убавина: Елена Ристеска го замени ладното Скопје за егзотичниот Дубаи


Македонската поп пејачка Елена Ристеска реши да го замени ладното Скопје за топлото Дубаи. Иако Ристеска е далеку од дома, сепак не заборава да ги изненади своите обожаватели со нови фотографии на социјалните мрежи. Изгледа дека на Елена престојот во Дубаи и годи. Покриена со марама или во краток фустан, Ристеска е вистинска ориентална убавица. […]

Со изложба на маски почнаа карневалските свечености во Прилеп


Со изложбата на маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска почна тридневниот карневалски спектакал во Прилеп „Прочка 2018“, коj ќе кулминира со главното карневалско дефиле в недела, на Прочка. Oрганизаторите на карневалот, општина Прилеп и Здружението „Прилепски мечкари“ ги прогласија најдобрите од 700 маски на учениците од 15-те основни и средни училишта. Изложбата е […]

За местење натпревари, фудбалски клуб ќе добие 10 годишна суспензија од УЕФА


На албанскиот прволигаш Скендербег му се заканува десетгодишна суспензија од сите натпреварувања на УЕФА, а воедно ќе треба плати еден милион евра парична казна. Повеќекратниот албански шампион од градот Корча може да ја добие оваа драконска казна поради местење резултати. Дел од албанските медиуми, кои го пренесоа документот од дисциплинската комисија на УЕФА, ги открија […]

Франција и Германија за заедничка европска војска: „Дојде време за јакнење на Европа“


Франција и Германија се заложија денеска за заедничка европска војска порачувајќи дека одбраната на Европа не смее да зависи од САД. ЕУ лани постави темели за Европска одбранбена унија, а двете главни членки Германија и Франција сакаа со време да прерасте во заедничка армија способна за одбрана на европските граници и учество во меѓународни мисии. […]

Tërmet në Shkup


Tërmet me fuqi prej tre ballësh sipas Shkallës Makrosizmike Evropiane është ndjerë sot në Shkup dhe rrethinë. Tërmeti është regjistruar në orën 15 e 43 minuta me epiqendër nga rajoni i Shkupit. Observatori Sizmologjik pranë Fakultetit Matematiko-Natyror në Shkup kumtoi se epiqendra është vetëm disa kilometra në lindje nga rajoni qendror i qytetit, me magnitudë […]

За поголема меѓународна улога, Германија ќе ги зголеми расходите за одбрана


Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека државата ќе вложува се повеќе во армијата и во ОН и повика и други држави да не се откажуваат од мултилатерализмот. Нејзината изјава доаѓа неколку дена откако американскиот министер за одбрана Џејмс Матис го повтори барањето на американскиот претседател Доналд Трамп европските држави да […]

Договорот за пријателство е пресвртна точка за односите меѓу Македонија и Бугарија


Договорот за пријателство, добрососедство и соработка претставува пресвртна точка во односите меѓу Република Бугарија и Република Македонија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Скопје со премиерот Зоран Заев. Тој упати благодарност до премиерот Заев и претседателот Ѓорге Иванов, за како што рече, нивната храброст, визионерството и граѓанскиот став, бидејќи ја направија […]

MPB: Minorenia nga “25 Maji” disa herë është denoncuar si e zhdukur, edhe ka qenë e abuzuar seksualisht


Vajza minorene nga institucioni publik për fëmijë me probleme edukative-sociale “25 Maji” nëntë herë është denoncuar si e zhdukur në periudhën nga fundi i vitit 2016 e deri tani nga ana e të punësuarve në institucionet sociale-përkujdesëse dhe po aq herë kanë vepruar shërbimet adekuate policore. Disa herë policia ka parashtruar edhe kallëzime penale kundër […]

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Скопје и околината. Земјотресот е регистриран во 15 часот и 43 минути и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот е на само неколку километри источно од централното градско подрачје, со локална Рихтерова […]

Кочанската семејна трагедија прв фемицид во 2018 година


Вчерашното убиство на сопругата со нож и чекан од 54-годишниот сопруг, кое се случи во раните утрински часови во Кочани, е прв случај на фемицид во 2018 година, сметаат експертите. Според Благица Кирова од невладината организација „ЕХО“ од Штип, која работи со жртви на семејно насилство, вчерашната крвава семејна драма во која е убиена жена […]

Општина Центар ќе се збратими со центарската општина во Мадрид


Општина Центар ќе се збратими со центарската општина во Мадрид, КК „Работнички“ ќе соработува со КК „Реал Мадрид“, во Скопје ќе се слави денот на шпанското мезе, јавно ќе се гледаат шпански филмови… Ова е само дел од плановите за соработка помеѓу Општина Центар и центарската општина во Мадрид, кои беа договорени на денешната средба […]

Јуратовиќ: Балканските владејачки елити не сакаат во ЕУ


Пратеникот од германската Социјалдемократска партија (СДП) во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ оцени дека постојат големи проблеми во владејачките елити на Балканот. – Има многу политичари кои не сакаат во ЕУ оти во неа постои уреден систем, правна држава, средено општество. Во таква средина тие не ја гледаат својата шанса, вели тој. Според него, одговорноста треба да […]

Абдилаќим Адеми погребан во родното Шемшово


На гробиштата во тетовското село Шемшово, денеска беше погребан генералниот секретар на Демократска унија за интеграција, Абдилаќим Адеми, кој почина по тешко боледување. Од него се простија членови на семејството, пријатели, сопартијци и познаници. На погребалната церемонија присуствуваа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и членови на Демократската унија за интеграција како и владини функционери. По […]

Стационарот Вардариште е дивоградба, затоа доцни реконструкцијата


Градските власти сѐ уште не почнале да го реконструираат стационарот Вардариште оти објектот бил дивоградба. Вака денеска пред Советот на Град Скопје се правдаше градоначалникот Петре Шилегов на обвинувањата на опозицијата дека и покрај ветувањата, откако е дојден на власт, не мрднал со прст да го реши проблемот со уличните кучиња. Шилегов истакна дека бил […]

Народен правобранител: Институциите затаиле во случајот со малолетничката


Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето. […]

МВР: Малолетничката била силувана, насилно мажена и најдена во безсознание во Велес


Малолетното девојче од јавната установа за деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ девет пати била пријавувана за исчезната во периодот од крајот на 2016 досега од страна на вработените во социјално-згрижувачките установи и исто толку пати постапувале соодветните полициски служби. Во неколку наврати полицијата поднесувала и кривични пријави против повеќе лица за полов напад […]

Секој петти жител ја напуштил БиХ во изминатите 25 години


Босна и Херцеговина од војната ја напуштил секој петти жител, што предизвикува бројни проблеми кои заедно со лошата економска ситуација, не даваат добра слика за иднината на луѓето во таа држава, пишува весникот „Независне новине“. Од сите држави на Зпаден Балкан, БиХ има најголем негативен прираст на население, но истовремено е втора по процес на […]

Dojçe Vele: Evropa do të jetë “e tërë dhe e lirë” vetëm me Ballkanin


Angazhimi i zvogëluar i SHBA-së në Ballkan nuk do të thotë se Uashingtoni e humb interesin për rajonin, vlerëson Dojçe Vele. Sipas radios, në Uashington me kujdes analizohet strategjia e Komisionit Evropian për Ballkanin Perëndimor, pasi Brukseli dhe Shtëpia e Bardhë kanë interes të njëjtë në rajon. Këshilltari i Fondit gjerman të Marshalit, Xhonatan Kac […]

Илир Мета: Црна Гора е одличен партнер на Албанците


Албанскиот државен врв и опозицијата ја поздравија заедничката изјава на претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, со која го повикаа косовскиот парламент да го ратификува договорот за демаркација на границата меѓу двете земји. – Црна Гора е одличен партнер на Албанците. Усвојувањето на демаркацијата ќе донесе европска пролет за […]