Јуратовиќ: Балканските владејачки елити не сакаат во ЕУ


Пратеникот од германската Социјалдемократска партија (СДП) во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ оцени дека постојат големи проблеми во владејачките елити на Балканот.

– Има многу политичари кои не сакаат во ЕУ оти во неа постои уреден систем, правна држава, средено општество. Во таква средина тие не ја гледаат својата шанса, вели тој.

Според него, одговорноста треба да се префрли на граѓаните на Балканот.

-Какви граѓани, таква политика, за жал. Не сакаме колонии туку партнери во демократска смисла, заклучи Јуратовиќ, пренесува Танју