20 години пеам за Македонија, така и ќе остане: Гарванлиев ќе го исфрли спорниот кадар од евровизискиот спот


 
-Иако со евровизискиот спот за “Here I stand“ имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години. За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера. ❤️?
 
Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме ?? така и ќе остане, напиша Гарванлиев на својот статус на Фејсбук, откако во јавноста делото на Вангели го смешаа со бугарско знаме.
 

Гарванлиев кој е годинашен наш претставник на Евросонг кој се одржува од 18 до 22 мај во Ротердам, Холандија за македонските медиуми изјави дека некој намерно прави скандали без потреба. 

Евровизиската песна заедно со спотот беа промовирани во четвртокот во Дневник 1 на МТВ, каде Васил беше гостин.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Организаторите се одлучија на реалистичен пристап, фокусирајќи се во моментов на реализација  на сценариото Б, според кое Евровизија ќе се организира според усвоени протоколи за заштита од ковид 19, што подразбира настан со присуство на делегациите во Ротердам, но со примена на социјална дистанца, чести тестирања во арената, редуциран капацитет на публика, кој може да се движи од 0% до 80%, во зависнот од моменталната состојба и пропишаните закони на локалните власти. За непречено одвивање на шоуто и во услови на неопходни промени во последен момент, секоја национална телевизија мора да обезбеди претходно снимен настап од својот претставник, кој евентуално ќе се искористи во зависност од потребите на даденото сценарио.