15 години „Имиџ ПР“ : Забава за јавност
Ништо не е случајно. Сѐ што зборувате и правите е односи со јавност. Дури и јубилејна забава за пријатели и деловни соработници со пијачка, на филмска музика и со промоција на првата македонска современа бајка „Мистериозното јајце“ од младиот Оливер Коларевски. Предновогодишно, завчера, агенцијата за односи со јавност и комуникациски менаџмент „Имиџ ПР “ одбележа 15 години од своето постоење.
Гостите, од сите сфери на живеење, во новата Филхармонија, прво беа на црвениот килим пречекувани од домаќините и фотографирани со нив. Потоа на сцената уживаа во изведбата на музиката од светските блокбастери како „Војна на ѕвездите“ и „Џејмс Бонд“ на македонската Филхармонија и во духовитиот видео-клип за тимот на агенцијата. На крај, во фоајето мезеа и се дружеа. (Л.С.)