15 милиони долари: Најскапи сандали на светот


САД- Најскапите сандали на светот со розови и сини дијаманти чинат 15 милиони долари. Ги дизајнира британската креаторка Деби Вингам (35), која и досега ги рушела рекордите со своите креации по изгор цени. Прет пет години во Дубаи, се претстави со најскапиот црн фустан со дијаманти, а сандалите ќе бидат нејзиното четврто најскапо парче кое го промовирала во јавноста. Нарачани се од член на кралското семејство на Обединети Арапски Емирати, за роденденски подарок.

Дијамантите на сандалите се сместени во платина, а затворачите и долниот дел од сандалите се изработени од злато. И кожените делови се пребоени со специјална златна боја.