10 европски земји за прв пат ја активираа одбранбената клаузула: Наскоро ќе почне распоредувањето на воени бродови


По неколку инциденти во северните води, десетте северноевропски земји кои ги сочинуваат Здружените експедициски сили (ЏЕФ) направија важен потег.

Заедничките експедициски сили (ЏЕФ), кои се фокусирани на оперативната одбрана во Северна Европа, одлучија да ја активираат одбранбената клаузула, која овозможува распоредување на дополнителни воени средства за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море.

Повеќе поморски и воздушни капацитети ќе бидат распоредени во срцето на регионот за да помогнат во заштитата на клучната подводна инфраструктура, се вели во соопштението на министрите за одбрана на десетте земји.

„Ова е првпат ЏЕФ да ја активира одбранбената клаузула“, изјавија тие и посочија дека нивните активности ќе започнат на почетокот на декември.

ЏЕФ е коалиција од десет земји предводена од Обединетото Кралство и ги вклучува Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.

Сигнал за Русија
„Околу 20 воени бродови ќе бидат распоредени во Балтичкото Море, но и во областите на Северен Атлантик за да се земе предвид безбедносната ситуација и подобро да се заштити клучната подводна инфраструктура“, рече шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон, пренесе Еуроњуз.

Тој рече дека зајакнувањето на воените сили е неопходно за да се соочиме со многу сериозна безбедносна ситуација во светот, а особено во нашето соседство: „Треба да бидеме способни да извршиме ваков тип на операција за одбрана на нашата витална инфраструктура, но и за испрати сигнал до Русија“.

Овој потег доаѓа по неколку инциденти во северните води.

Земјите од ЏЕФ се согласија во октомври да ја зајакнат безбедноста во Балтичкото Море, откако финскиот подморски гасовод беше затворен поради истекување предизвикано од надворешен извор.

Финската полиција на крајот заклучи дека штетата била предизвикана од сидрото на кинескиот трговски брод кој ја напуштил областа.

Но, тој инцидент покрена шпекулации и oredizvika nervoza. Во септември 2022 година, цевководите „Северен тек“ што транспортираа руски гас до Западна Европа преку Балтичкото Море беа прекинати, во услови кога Москва води војна во Украина.