Ќофтиња од компири и чаден лосос


Вкусни, брзи и едноставни

Потребно е:
за ќофтињата:
околу 600 гр компири
1 јајце
2 лажици брашно
1 лажиче прашок за пециво
сол, бибер
1 лажица сецкан власец

за преливот:
5 лажици крем сирење
3 лажици грчки јогурт
1/2 лажиче сецкан свеж копар

околу 50 гр чаден лосос
1 лимон

Подготовка:

  • Во еден сад измешајте ги крем сирењето, грчкиот јогурт и копарот. Ставете ги во фрижидер. Компирите ставете ги да се варат. Во водата ставете и сол. Внимавајте да не ги преварите компирите. Исцедете ги од водата и оставете да се изладат, а потоа изрендајте го на крпно ренде.
  • Додадете јајце, сол и бибер по вкус, власец, брашно и прашок за пециво. Убаво измешајте да се поврзат сите состојки.
  • Со раце земајте од смесата и обликувајте ќофтиња со дебелина околу 1 см. Наредете ги во чинија обложена со алуминиумска фолија и ставете ги 15-тина минути во фрижидер
  • Ќофтињата испржете ги во масло на средна температура додека да добијат златно-кафена боја од двете страни. Испржените ќофтиња ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
  • Послужете ги топли со претходно подготвениот сос, парчиња чаден лосос и кришки лимон.