Шик стил: Меланија Трамп не се откажува од чевлите „Маноло Бланик“


САД– Меланија Трамп понекогаш прави нетипични модни избори за прва дама, но секогаш успева да изгледа како модна икона.

48-годишната прва дама на САД за својата дводневна посета на три држави, наречена “Be Best”.  остави впечаток со тегет-жолтиот стајлинг, а особено со карираните чевли од нејзиниот омилен бренд „Маноло Бланик“.

Под тегет капутот во студениот Вашингтон, Меланија носеше жолта плетена ролка.