Шанел


 Лејла Сабит

Секоја жена секогаш мора да знае две работи: што и кого сака.

Колку ѝ е полошо на жената, толку подобро треба да изгледа.

Секогаш биди дотерана, не знаеш кога ќе ја сретнеш судбината.

Сакале или не, во животот на мажот постои само една жена. Сите останати се нејзина сенка.

Не сакам долги костими – за време на разговорот со мажот не забележувам како ме третира.

Парфемот за жената кажува повеќе отколку нејзиниот потпис.

Немојте да се мажите со човек со паричник за ситни пари.

Не постојат грди жени, постојат само мрзливи.

Ако го сакате она што никогаш не сте го имале, ќе морате да го правите тоа што никогаш не сте го правеле.

Жената се грижи за иднината додека не се омажи. Мажот не се грижи за иднината додека не се ожени.

Грижејќи се за убавината, треба да почнете од срцето и душата. Во спротивно, никаква козметика не помага.

Жената што не користи козметика има превисоко мислење за себе.

Да се воздржиме кога сме навредени и да не правиме сцени кога нѐ боли.

Никој не е млад по 40 години, но можеме да бидеме неодоливи кога било.

Сѐ е во наши раце, но затоа не смееме да ги кренеме.

Староста не нѐ штити од љубовта, но љубовта нѐ штити од староста.

Вистинската среќа е евтина. Ако за неа мора да платите превисока цена, значи дека станува збор за измама.

Ако сте родени без крилја, немојте да ги спречувате да растат.

Не ми е грижа што мислите за мене. Јас воопшто не размислувам за вас.

Жена за жена.

Пред и по 8 Март.

Совети за 364 дена, а не само за еден ден.

За подобар изглед, стил и живот.