Хороскоп: Што советуваат ѕвездите за денес
ОВЕН: Денот започнува со благо нерасположение бидејќи сте фокусирани на она што го немате, наместо обратно. Осаменост, отфрленост или потреба за утеха – знајте моментот за активност сѐ уште не е случен – среќата ќе ви се насмевне, но причекајте го попладнето на овој ден. Одмор.
БИК: Работата врз која што бевте ангажирани минативе години ќе почне да носи резултати и така ќе бидете наградени. Не ја губете вербата, туку со храбра и директна акција надминете го летаргичното размислување или неоснован страв. Бидете разумни и интуитивни, сѐ ќе е во ред.
БЛИЗНАЦИ: Незгоден аспект меѓу Сонцето и Венера ќе го поттикне вашиот снобизам и елитизам – внимавајте на немањето дисциплина бидејќи тоа може да ја еродира вашата сигурност и стабилност. Бидете чесни при финансиските зделки бидејќи може да се соочите со незгода.
РАК: Квадратот меѓу Марс и Уран може да ве доведе до незгодна позиција – одбивате да постигнете успех низ лична деградација. Сега ви е потребен одмор и престој блиску до домот, Бидејќи таму се чувствувате удобно. Ќе успеете да ги задржите блиските пријателства. Помош.
ЛАВ: Денес сте полни со зрелост, бескрајно трпение и толеранција за туѓите мислења. Интуитивно знаете кој колку може и нежно го култивирате тоа. Ќе останете смирени и релаксирани во сите околности, а сѐ со голема умешност, такт и дипломатија. Поволни средби.
ДЕВИЦА: Самодоволност и интелектуална гордост – со Венера во Близнаци може да се сретнете со проблем кој засега нема видливо решение. Фрустрацијата и анксиозноста не се решение, обидете се да почекате на нови информации. Можни одолговлекувања со плановите. Чекајте.
ВАГА: Најлошото веќе постанува минато, иако дел од тешкотиите остануваат. Сепак, добро ќе биде да учествувате во колективни цели и да соработувате со останатите. Искористете ја предноста или советите што ви ги нудат пријателите. Бидете чесни и одработете го своето.
СКОРПИЈА: Со транзитот на Уран во Бик ќе сакате да се повлечете во својата приватност бидејќи интуитивно знаете дека сега не е време за настап. Бидете внимателни и избирајте луѓе на кои ќе може да се потпрете – вашите соработници имаат добри намери. Неочекувана средба и гости.
СТРЕЛЕЦ: Со транзитот на Уран во Бик би можеле да се соочите со ладна, но сепак широкограда личност, чии побуди се водени од голема потреба да акумулира и прави богатство. Обидете се да не го делите своето внимание, останете мирни и сѐ ќе биде во ред. Внимавајте на себе. Мир.
ЈАРЕЦ: Денес сте полни со среќа, радост во животот и љубов. Уживате со своите сакани во моментите на мир, смиреност и задоволство. Сепак, не размислувате најјасно, па немојте да им ја наметнувате вашата преголема самодоверба на другите. Времето менува сѐ, имајте трпение.
ВОДОЛИЈА: Пред вас се големи промени штом вашиот владетел Уран влезе во земскиот Бик – тука тој не се чувствува добро, па може да се соочите со нагли и неочекувани промени, кои може да влијаат катастрофално врз вас. Имајте во предвид дека сѐ после ова ќе има нова нота
РИБИ: Бидете рецептивни и ќе бидете наградени за вашата вредна работа. Немојте да се сомневате, да кукате и да плачете, туку отворете се за нови знаења и третирајте ги сите со љубов. Важни разговори со вашата мајка и занесеност со младоста и виталноста. Нагласена интуиција.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ