Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се чини дека вашите стрели не ја погодуваат целта и сето тоа само за малку – обидете се да бидете посматрач за сега и да се прашате што уште ви е потребно да напредувате. Со умерена и навремена акција може да го постигнете саканото. Имајте самоконтрола и трпение.

БИК: Денес може да постигнете успех и задоволство ако само цврсто ги фатите уздите во свои раце – погледајте добро и грижливо што треба да се заврши и настапете храбро. Ќе успеете да направите промена преку правилна апликација на својата сила и ќе постигнете ред во животот.

БЛИЗНАЦИ: Работите се движат со нешто побавна динамика од посакуваната и им е потребно време за да созреат. Ако гледате филозофски на животот, може да извлечете и лекција, а таа е дека сѐ што ни се случува е само тест. Добро е да се преиспитате себеси и своите мотиви сега.

РАК: Денес е добро да се отворите кон другите и да пробате да ги разберете нивните потреби и желби – на тој начин и вие ќе добиете. Сега сте во центар на убави и хармонични влијанија, затоа размислете што е тоа што е најважно во животот. Внатрешно патување и духовна потрага.

ЛАВ: Во вашиот живот се појавува женска личност со силна интуиција и самодоверба, која може да ви помогне многу. Имајте во предвид да не брзате многу и на тој начин ги упропастите поволните шанси. Слушате за желбите и амбициите на другите, распалувајќи ги со свои идеи.

ДЕВИЦА: Денес имате голема сила да финиширате успешно и да почнете нешто сосема ново. Потенцијалните тешкотии ќе ги решите лесно и како пеперутка ќе направите успешна метаморфоза. Направете напор да излезете од воспоставената рутина и ќе бидете среќни затоа.

ВАГА: Неодлучни и немоќни да ги завршите работите, сепак знајте дека непознатото има своја убавина. На почетокот немаше ништо и на крајот нема ништо, така што не можете да контролирате нешто што не постои. Добро е да верувате и направите чекор во непознатото.

СКОРПИЈА: Ова е прекрасен ден за забава кој ќе го минете во друштво на своите блиски и пријатели. Имате многу поводи за прослава бидејќи работите ги завршувате на време и со успех. Прослави, фестивали, свадби или матурски – сѐ е можно денес, само препуштете ѝ се на среќата

СТРЕЛЕЦ: Ви се приближува неочекувана промена, а со која треба да се соочите на праведен начин. Најважна од сѐ ќе биде комуникацијата – ако нешто не оди, тогаш обидете се да направите сѐ за да профункционира. Вие тоа го можете, само настапувајте во вистинско време.

ЈАРЕЦ: Се јавува потреба да побегнете од ситуациите кои ве ограничуваат – некои работи се надвор од ваша контрола. Можеби чувствувате како да се будите после долг сон и ви е потребно време да си дојдете на свое. Можна загуба, пред потенцијалната добивка. Со разум доаѓате до решенија.

ВОДОЛИЈА: Она кон што се стремите, тоа и ќе го постигнете. Сега е време да си ја вратите силата и виталноста и да се повлечете од безнадежните ситуации. Повлекувањето не значи дека сте изгубиле, туку само дека ги прегрупирате своите сили. Ова не е немоќ, туку сила сама по себе.

РИБИ: Би можеле да се препуштите на површни уживања и растрошност, а сега не е време за тоа. Заведени од сензуални задоволства, не сакате да го чуете гласот на разумот. Сепак погледнете подлабоко во себе и поработете на своите маани – само така ќе дојдете до резултат.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]