Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Денешниот транзит на Месечината во Рак создава своевидна тензија, особено на емотивен и домашен план: вашите сакани се пречуствителни и тоа ви претставува потешкотија. Нема што, денес ќе треба да проголтате некоја жаба и да го погледнете светот од друг агол. Немирни и решителни, правите јасни планови за работата. Интуиција.
БИК: Олицетворение на смиреност и креативност, правите практични планови кои ќе ви помогнат да просперирате и постигнете сигурност и луксуз. Постигнувате одреден баланс, после долг период на проблеми и нејаснотии: работите се враќаат во нормала и кармата се изедначува. Разговори за духовни теми и големо сочуство. Смиреност.
БЛИЗНАЦИ: Денес може да си честитате бидејќи откривате еден важен аспект од себе: Месечината во Рак ви помага да ги покажете своите таленти, дури и ако наидете на потешкотии. Можно е наскоро да започнете со нов работен ангажман, на кој што ќе му се посветите сѐсредно, а патем може и да сретнете некој и да се заљубите. Промени.
РАК: Ако станува збор за интимниот живот, денес би можеле да сте пречуствителни и тоа ќе ве натера да му завртите грб на минатото. Или не? Потребно ви е да се ослободите од рестрикциите наметнати од страна на некои личности или да ги намалите своите очекувања. Полека ја разбирате природата на нештата, затоа бидете трепеливи. Љубезност.
ЛАВ: Полека, но сигурно ги комплетирате своите проекти и уживате во благосостојба: необременети, наоѓате време за најблиските и ги надминувате финансиските потешкотии. Имате надеж за посветла иднина и инспирација да го изразите своето духовно откритие. Баланс помеѓу телото и духот и надминување на тешкотиите. Љубов и романса.
ДЕВИЦА: Планетите во Риби го отвораат вашето срце за едноставни задоволства: наоѓате време да се видите со пријателите и да споделите спомени и љубезни зборови. Ова е ден кога ќе ја демонстрирате својата сила и покажете умешноста: надминете ги дилемите, поради лошо направените избори. Тоа е минато. Бидете непристрасни и мудри.
ВАГА: Планетите во Бик покажуваат дека емотивниот живот е во релативен баланс и сега сте мирни и исполнети. Можеби повеќе ви се допаѓа пријателска врска, отколку некоја полна со страст и тоа е сосема во ред. Кога ќе бидете подготвени, самите ќе се отоворите природно и ќе раскажете што имате да кажете. Некој ги поддржува вашите напори.
СКОРПИЈА: Весели и разиграни, денес уживате во убаво друштво: доаѓате до исполнување на некој дамнешен сон и се здобивате со материјални ресурси. Средба со практична личност, која би сакала да инвестира во заеднички проект: потребно ви е време за размислување за да постигнете долготраен успех. Далечни патувања и успеси.
СТРЕЛЕЦ: Поголеми и од најголемото, имате ретко достапни информации. Како ќе ги искористите? Разбирајќи ја практичната реалност, ќе се обидете со веќе испробани методи и ќе ги надминете негативните емоции. Не е време за преземање на дополнителен напор, бидејќи може да крахирате под неговата тежина. Вимавајте.
ЈАРЕЦ: Доаѓате до некакво богатство, кое што ќе треба да знаете како да го сочувате: она што до неодамна беше сокриено, одеднаш здогледува светло на денот. Можеби не се чуствувате најсјајно на емоционален план, а сето тоа бидејќи не го заборавате минатото. Крајно време е да си признаете дека треба да започнете нешто ново!
ВОДОЛИЈА: Со бавните транзити на планетите во Бик ќе треба да си признаете дека нешто не функционира како што треба. За сѐ е потребно време, па така и за решавањето на вашите проблеми. Сега учите дека цивилизацијата започнала оној момент кога на еден лут човек му текнало да фрли збор, наместо камен. Доста е со фото-вести.
РИБИ: Влијанието на Месечината во Рак ѝ одговара на вашата романтична природа: знаете дека во нешто се разликувате од другите, но не мора тоа да биде дневна тема, бидете трпеливи. Нема потреба да го џвакате веќе џваканото, туку понизно да ги истрпите обичните и тривијални работи во животот. Учете што значи зборот трпение.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ