Холивуд
Лејла Сабит
Животот не е филм.
Славата не е вечна.
Секој што е млад, ќе стане стар.
Да си ѕвезда, не значи и среќа.
Успехот не носи секогаш пари.
Јавноста значи и губење приватност.
Црвениот килим си има цена.
Не можете да избегате од папараци, ви ги бројат брчките, врските, браковите, разводите, алиментациите и ви ги критикуваат фустанот, костумот и чевлите.
Холивуд знае да биде блескав, но и безмилосен.
Од дното да ве искачи на врвот, и од врвот да ве симне на дното.
Губитниците да ги направи победници, и победниците – губитници.
Смртниците – богови, боговите смртници.
Омилените – омразени, омразените – омилени.
Пријателите – непријатели, непријателите – пријатели.
Холивуд се сврте против Холивуд.
Кај што има паради има и протести.
Кај што има предатори, има и жртви.
Кај што има озборување има и молчење.
Кај што има тајни има и јавност.
Кај што има радост има и болка.
Кај што има обвинувања, има и извинувања.
Меѓу љубовта, омразата, вистината, лагата и лицемерието тенка е линијата.
Истрагата е во тек.