(Фото) Еколошка катастрофа: Расфрлени обувки на Скопска Црна Гора
На социјалните мрежи граѓани објавија фотографии од огромен број расфрлени обувки на Скопска Црна Гора. Како што велат, најверојатно станува збор за обувки од кинеско производство. Во објавата на Фејсбук се вели дека обувките се или леви или десни и не може да се направи чифт.
Веќе некои од нив се организираат на направат еколошка акција за чистење на падините на Скопска Црна Гора.