Убиена бугарската новинарка Викторија Маринова


Бугарска новинарка е силувана и убиена во градот Русе во северна Бугарија, јавија денеска локалните медиуми.

Новинарката Викторија Маринова (30) била убиена вчера и работела како истражувачки новинар.

Таа била и уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.

Полицијата тврди дека нема докази дека убиството е поврзано со нејзината работа.

Организации за борба против корупција и членови на ЕП повикаа на целосна истрага за нејзината смрт.