Трамп: Светот се промени за една година


Американскиот претседател Доналд Трамп, една година откако во ОН најостро го критикуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг- ун, нарекувајќи го „човек- ракета во самоубиствена мисија“, денеска вели дека светот во меѓувреме се променил.

– Светот беше поинаков. Беше тоа опасно време. Мина една година, времето многу се измени, рече Трамп, пред се мислејќи на Ким Џонг- ун.

Тој додаде дека државниот секретар  Мајк Помпео подготвува втор состанок меѓу Трамп и Ким „многу брзо“.

Трамп денеска во ОН ќе разговара со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, по состанокот на двете Кореји, кој се случи минатата недела. Се очекува Мун да го запознае американскиот претседател со најновиот предлог на Северна Кореја да се откаже од нуклеарната програма.