Торта „Касато“
Состојки:
500 – 550 г бисквити (искршени)
100 г темно чоколадо
3 лажици какао
250 г путер
150 г шеќер во прав
200 г сечкано желе
3 лажици рум арома
50 г мелени ореви
50 г мелени лешници
250 м млеко
Глазура
70 г путер
120 г бело чоколадо
2 лажици масло
2 лажици вода
Приготвување:
Во сад на оган се мешаат и се соединуваат чоколадото, млекото, какаото и половина од шеќерот. Другата половина од шеќерот се мати со путерот. Тука се додава и румот. Потоа се додаваат бисквитите, јатките и желето. Се промешува кратко, а потоа се додава топлата изедначена чоколадна смеса. Се меша убаво сѐ, па се става во калап или тава 28 обложена со растеглива фолија. Се затвора убаво и колачот се сместува во фрижидер да отстои и да се стегне преку ноќ.
Следниот ден се приготвува глазурата. Прво на среден оган го топиме путерот. Откако ќе се стопи, додаваме искршено бело и поквалитетно чоколадо, откако и тоа ќе се стопи додаваме прво масло, а потоа и вода. Промешуваме добро и глазурата ја оставаме да се излади сосема малку пред да го прелиеме колачот со неа.
Се остава на ладно уште 1 час за да се стегне глазурата, а потоа може да се исече и да се послужи.