Топењето на мразот на Гренланд и на Антарктикот има сериозни последици
Најновите светски податоци покажуваат дека топењето на мразот на Гренланд и на Антарктикот го забрзуваат растот на нивото на морињата.
Растот на нивото на морињата е предизвикан од загревање на океаните и топењето на глечерите и ледените плочи.
Научниците наведуваат дека ако продолжи актуелниот тренд на раст на нивото на морињата, светските океани во просек би се зголемиле за најмалку 61 сантиметри во однос на денес, а можеби и повеќе.
Студијата е заснована на сателитски податоци собрани во текот на 25 години, кои покажуваат дека се забрзува трендот. Таквите предвидувања се идентични со компјутерските симулации.