Суд го суспендираше претседателот на Молдавија


Уставниот суд на Молдавија привремено го суспендира претседателот Игор Додон да ја извршува својата функција поради одбивање да именува нови министри.

Таа одлука уследи откако Додон, инаку проруски настроен, одби да ги именува министрите за здравство и земјоделство, бидејќи, според него, тие ги немаат „неопходните вештини“.

Судот наведува дека претседателот на Собранието или премиерот ќе бидат овластени да потпишат декрет за именување на двајцата министри.

Портпаролот на Додан, Максим Лебединчи го обвини судот дека е „инструмент во политичката битка“.

Додон е во судир со владејачката коалиција, која фаворизира блиски односи со САД и ЕУ.

Тоа е веќе четврти пат Додон да добие суспендирање на правото за извршување функција, бидејќи одбиваше да ги одобри предложени кандидати за министри или потпише закони донесени во Парламентот.