Судскиот совет ќе расправа за навреди од новинари


„Ниту сум криминалец,ниту сум џелат и лично сум навреден кога така не нарекуваат новинари во дебатни емисии и не навредуваат самопрогласени адвокати“! Со овие зборови членот на Судскиот советВладе Богдановски побара во дневниот ред на денешната седница да се вметне посебна точка или под “разно“-расчистување на некои дилеми во јавноста,со кои се навредува работењето на Судскиот совет, од кое би произлегол заклучок или соопштение. По мало натегање дали тоа да се стави под точка разно,која би била отворена за јавноста,или да се расправа на колегим, преовлада ставот дека, сепак, ќе се расправа на крајот на дневниот ред.

Директен повод за возбудата на членот на Судскиот совет -Богдановски беше неодамнешната емисија на ТВ Телма-Топ тема посветена на реформите во судството, на која присуствуваше и заменикот-министер за правда Оливер Ристовски,а беше поканет и не дојде првиот човек на Судскито совет Зоран Караџовски.Но,и фамата што се создаде во јавноста по објавувањето на некои написи дека Судскиот совет ќе разрешувал над 100 судии, јавува правосудство.мк.