Србија и Косово веќе не се договараат за границите
Претседателот на Србија Александар Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел. Тоа го изјави Марко Ѓуриќ директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија.
Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел требаше по бирателарниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини да се одржи и заеднички трилатерален состанок на Вучиќ, Могеини и косовскиот претседател Хашим Тачи.
Тој додаде дека „нема ни најмалку услови да продолжи дијалогот во Брисел“.
Ѓуриќ изјави дека во тимот на претседателот поделени се мислењата дали Вучиќ треба да оди во посета на Косово.
– Ако оди сигурно ќе го посети езерото Газивода, нагласи Ѓуриќ.