Солен кекс со ајран и маслинки


Состојки:

3 јајца

1/2 лажичка сол

100 мл ајран

100 мл млеко

100 мл масло

1 печиво

9 лажици брашно

7-8 црни сечкани маслинки

7-8 сечкани зелени маслинки

1 рака сечкан магдонос

50 г рендан кашкавал или рендано сирење

1/2 ситно сечкан морков

малку бибер

 

Приготвување:

Во вангличка ги ставаме одделените белки и ги матиме со постепено додавање сол.

Потоа додаваме една по една жолчка. Со исклучен миксер додаваме малку бибер, ајран, млеко, масло, просеано брашно, печиво, сечкани маслинки, магдонос, морковче и кашкавал. Со шпатула ја соединуваме смесата и ја истураме во правоаголен калап за леб, кој сме го обложиле со хартија за печење. Печеме од 30-40 минути на 200 степени или секој си ја познава својата рерна, па печете по ваша проценка.

Испечениот солен кекс го оставаме во калапот 5 минути, а потоа го вадиме на кујнска решетка да се излади. Го сечеме на парчиња и го послужуваме.