Сникерс чизкејк (без печење)
Состојки за подлога:
225 г мелени ванила-кекси
120 г растопен путер
50 г сечкани кикирики
За фил
500 г маскарпоне
150 г кисела павлака
200 мл слатка павлака
120 г кафеав шеќер
300 г темна чоколада мин. 60%
За карамел
50 г кафеав шеќер
50 мл слатка павлака
1 лажица путер
За декорација
50 г темна чоколада
40 мл слатка павлака
50 г сечкани кикирики
Приготвување:
– За подлогата се мешаат наведените состојки, смесата се распоредува еднакво во калап бр. 24. Се остава во фрижидер да се стегне.
– Се миксираат маскарпонето, шеќерот и киселата павлака 1-2 минути, потоа се додава слатката павлака и се миксира до соединување (филот треба да е потечен).
– Чоколадата се топи на пареа и се остава малку за да се излади, потоа се додава во садот со маскарпонето и сѐ се соединува до воедначена смеса. Смесата ја истураме над подготвената подлога.
– Чизкејкот го оставаме 4-5 часа во фрижидер добро да се стегне.
– Ја загреваме слатката павлака до вриење, па ја додаваме темната чоколада, соединуваме.
– Тортата ја украсуваме најпрво со ганашот од чоколада.
– За карамелот го топиме кафеавиот шеќер, ги додаваме слатката павлака и путерот. Готвиме 2-3 минути, оставаме да се подизлади, па ги украсуваме страните на тортата, а врз него ги додаваме сечканите кикирики.