Славенички концерт на „Нокаут“ на СРЦ „Кале“
По 20 години од првиот голем концерт на „Нокаут“ во 1998 година во СРЦ Кале, групата ќе одржи повратнички концерт на истото место, вечерва, во 21 часот, во организација на „Авалон продукција“.
„Нокаут“ го објави најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, кој е најава за новиот албум , четврти по ред.
„Нокаут“ е формиран во 1997 година, а реоформен во 2006 година. Основач на бендот е Никола Перевски – Пере кој со поддршка на Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски – Франц го формираа првиот состав на „Нокаут“.
По неколку години пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активирале во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваат и членовите Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), Бојан Перевски (перкусии), Борче Кузмановски (клавијатура), Виктор Николовски (бас гитара) и Луај Реџепов (гитара). Од првата постава во групата сега остана само Пере.