„Се или нешто“: Неуспешен старт на натпреварувачка во познатиот квиз (ФОТО)


Во најпознатиот квиз во Македонија „Се или нешто“ до сега имаат гостувано голем број натпреварувачи со интересни приказни и желби да го освојат милионот.

Сепак од сите можни комбинации кои ги прават учесниците во квизот, најлоша е онаа во која се отвораат најголемите кутии уште на самиот старт.

Таков е случајот со Елена Пешовска која прво ја отвори кутијата со 250. 000 денари, а во вториот обид веќе го отвори милионот.