Се бара притвор за Тони Јакимовски за проневера на пари во УБК


Тони Јакимовски, шефот на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков по денешното рочиште за случајот Тврдина – таргет е приведен на распит пред судија на претходна постапка за друго дело.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара притвор за него и за уште тројца поранешни вработени во УБК под сомнение дека проневериле над 50 милиони денари.

Осомничените од 2007 до 2017 година подигале пари за кои поднесувале барања, но на крајот на годината ги уништувале документите за евиденција.

Јакимовски е обвинет во предметот на СЈО за масовно прислушување.