СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ беше загрижено за граѓаните досега ќе изградеа Клинички центар
СДСМ велат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеа за потребите на граѓаните, досега за време на нивното владеење ќе го изградеа Клиничкиот центар.
„За разлика од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ која за 11 години не успеа да изгради Клинички центар, Владата предводена од СДСМ со изборот на новата локација гради целосно нов Клинички центар којшто ќе нуди интегрирани здравствени услуги. Проектот за новиот клинички центар вреден 420 милиони евра на долг рок станува поисплатлив и поевтин и е историска инвестиција, Македонија добива клинички центар по 1947 година, односно после 80 години“, велат од СДСМ во нивното соопштение до јавноста.