Светски економски форум во Давос: Откажаа Трамп, Меј и Макрон


Швајцарија- Светски државници го откажаа присуството на Светскиот економски форум во малото гратче Давос, под Алпите, светски политички и бизнис елитен собир кој се одржува од 22 до 25 јануари.

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа присуството во Давос поради несогласувањето со демократите околу изградбaтата на граничниот ѕид со Мексико.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон нема да учествува поради пренатрупаниот распоред на обврски, наведуваат од Елисејската палата.

Од Кабинетот на премиерката Тереза Меј исто така соопштија дека таа нема да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, бидејќи во овој момент е потребно сите напори да ги насочи кон решението околу договорот за Брегзит.

На Самитот се очекува да присуствуваат 70 светски лидери и претставници на над 100 корпорации. Светските медиуми пишуваат дека постои можност по десет години да учествува и рускиот претседател Владимир Путин.