Сали Бериша: Состанокот во Драч е целосно неуспешен


Поранешниот албански претседател и екс премиер,Сали Бериша, коментирајќи го денешниот неформален состанок на премиерите на западен Балкан, рече дека тој целосно потфрлил.

Според него тоа  било „помалку од пола средба“ бидејќи од седум премиери дури четворица„не нашле време за дојдат во Драч“.

– Помалку од пола средба!Мултилатералните средби се полезни,но кога од седум поканети премиери дури четворица не наоѓаат време да дојдат,средбите се без кворум и се повеќе од неуспешни. Тоа уште повеќе кога од тројцата присутни премиери двајца се Албанци. Да му се заблагодариме на премиерот на Црна Гора, зашто без него ќе имавме еднонставно меѓуалбанска средба,-оценува Бериша.

Додава дека овој бојкот има само една причина.

-Тие не дојдоа затоа што не сакаа да ја издигнуваат нарко државата на Нориега,единствена во Европа и во светот,- констатира Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициската демократска партија.

Денеска во пристанишниот град Драч се одржа вториот неформален состанок на премиерите од западен Балкан,чиј домаќин беше премиерот Еди Рама. На истиот присуствуваа домаќинот, Рама и премиерите на Косово и на Црна Гора,Рамуш Харадинај и Душко Марковиќ,како и еврокомесарот Јоханес Хан.

Поради лошите временски услови, владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутринава не отпатува за Драч а на состанокот не присуствуваа и српската премиерка Ана Брнабиќ,бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.