Русинка сама родила бебе тешко скоро 6 килограми без анестезија (ФОТО)
Жена од Русија која веќе има 4 деца, сама дома родила девојче тешко 5. 900 килограми без анестезија.
Семејството сега за сега не сака медиумски да се експонира, а според неофицијални извори мајката која има 42 години и самата била изненадена од големината и тежината на бебето.
Лекарите соопштиле дека мајката и бебето се чувствуваат добро, но портпаролот на болницата каде што е примена жената на преглед изјави дека станува збор за патологија, дека бебето има премногу килограми и дека сега за сега се знае дека имало проблеми со слухот.
Според податоците во Гинисовата книга на рекорди, најтешкото бебе е родено во септември 1955 година во градот Аверс и имало скоро 10 килограми.