Пролет


Лејла Сабит

Кафулињата полни, канцелариите празни.

Чао зима.

Здраво лето.

Пролетта во Македонија кусо трае.

Како и некои пријателства, врски, бракови, ветувања, договори и одлуки.

Се затоплува времето.

Се затоплуваат односите меѓу луѓето.

Се буди природата.

Се буди свеста кај луѓето.

Воздухот мириса на зумбули.

Некој протестира, а некој ужива.

Некој сака да биде сам, а некој во друштво.

Некој сака музика, а за некој тишината е музика.

Депресивните стануваат среќни, мрзливите енергични, болните здрави, а гурманите мислат на диета.

Пролетта знае да биде променлива.

По сонце да падне дожд, по дождот да огрее сонце.

Дамите не знаат што да облечат, џентлемените знаат што да гледаат.

Сеирот ги замени сериозните муабети.

Сите се на кафе, странците се чудат работи ли некој во Македонија.

Мотото е дајте ми силно еспресо и краток ден!

Новото годишно време секогаш носи и нова надеж.

Чукни во дрво.

Пролет е.

Убаво е.

Живи сме.

Поздрав до Влатко, се гледаме на концерт!