Почна „Титаник“, прво судење во новиот Кривичен суд
Во новата зграда на Кривичниот суд денеска почна првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.
Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски. Обвинети се и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Обвинетите присуствуваат на денешното рочиште. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
Судија во „Титаник“ е Осман Шабани, а СЈО го застапуваат обвинителите Лиле Стефановска и Љубомир Лапе.
фото: Борис Грданоски