Почина Абдулаќим Адеми
По тешка болест починал околу полноќ Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ.
Тој беше еден од основачите на ДУИ, но исто така извршуваше високи државни функции.
Абдулаќим Адеми ги извршуваше функциите потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор од 2008 година, министер за животна средина и просторно планирање од јули 2011 до јуни 2014 година и министер за образование и наука во периодот од јуни 2014 до јануари 2016 година.
Абдулаќим Адеми е роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево.Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали. Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Беше член на ДУИ од основањето на Централниот Одбор и претседател на огранокот на ДУИ за општина Јегуновце.
Абдулаќим Адеми беше оженет и татко на еден син.