Поранешни агенти на ЦИА во потрага по скриеното богатство на Пабло Ескобар


Поранешни агенти на ЦИА тврдат дека ја пронашле подморницата на наркобосот Пабло Ескобар, која ја користел за превоз на кокаинот од Колумбија во Порторико, од каде била дистрибуирана за САД.
Доколку подморницата навистина биде пронајдена, ќе се открие и богатството вредно 57 милијарди евра, а потрагата ќе биде спроведена од поранешните агенти на ЦИА, Даг Лао и Бен Смит.
Локацијата на која биле пронајдени остатоци од подморницата се уште не се открива, а каналот „Дискавери“ во потрага по фамозната подморница го сними документарниот филм „Finding Escobar’s Millions” .
Се проценува дека Ескобар во периодот на 80-тите години на минатиот век заработувал 366 милиони евра неделно, а со подморницата дистрибуирал по 2 тона кокаин и снабдувал 80 отсто од американскиот пазар.