Поради загадување: Тајланд ја затвора познатата плажа од филмот со Ди Каприо
Тајланд- Властите на Тајланд донесоа одлука привремено да ја затворат плажата Маја беј, која стана светски позната по филмот „Плажа“ со Леонардо ди Каприо.
Целта на оваа одлука е да се запре загадувањето на плажата од големиот прилив на туристи. Плажата Маја беј, која се наоѓа на остовот Фи Фи во Андманското Море, ќе биде затворена за сите посетители четири месеци во годината почнувајќи од јуни оваа година, за да се обноват коралните гребени и морскиот живот.
Голем број тајландски национални паркови се затворени од средината на мај до средината на октомври, но плажата Маја беј на барање на туристите досега беше отворена во текот на целата година.