Победа останува во Првата лига
Прилепска Победа и следната сезона ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига, откако со 2:1 го совлада Борец Велес во бараж натпреварот што се играше на неутрален терен во Струмица.
На стадионот „Младост“, Победа доминираше во првиот дел од натпреварот, создавајќи повеќе шанси и контролирајќи ја играта на теренот.
Прилепчани со головите на Иван Ивановиќ и Виктор Велковски во осмата и 29. минута поведоа со 2:0.
Борец во вториот дел со голот на Андреј Кудијан во 56.минута го намали резултатот на 2:1, но не успеа да направи пресврт и остана без пласман во најквалитетната македонска фудбалска лига.