Пилешко со зеленчук


Потребно е:

600 гр откостени надкопани
1 главица кромид
1 чешне лук
2 црвени пиперки
2 зелени пиперки
1 тиквичка
1 поголем компир
1 чаша грашок
1 лажица пире од домати
2 лажици маслиново масло
сол, бибер
мелена црвена пиперка
Подготовка:
– Во подлабока тава на загреано маслиново масло пропржете го ситно сецканиот кромид и
изгмечениот лук.
– Додадете ги пиперките исецкани на коцкички и динстајте неколку минути.
– Потоа додадете го и пилешкото месо исечено на парчиња. Поклопете ја тавата и динстајте на
средна температура додека да испари целата течност. Потоа додадете го пирето од домати и
убаво измешајте.
– На крај додадете ги тиквичката и компирот исецкани на коцки. Измешајте и сипете 400 мл
врела вода. Зачинете со сол и бибер.
– Целата содржина од тавата сипете ја во огноотпорна тава за печење и ставете да се пече во
загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да омекне компирот и убаво да се запече.
– Послужете со сварен ориз или пире од компири.