Партијата на Бачев организира собир за поддршка на протераниот руски дипломат


Единствена Македонија утре ќе организира „семакедонски народен собир за поддршка на протераниот руски дипломат и рускиот народ“.

Настанот е пред Амбасадата на Руската Федерација со почеток во 17:30 часот, a меѓу присутните ќе биде рускиот амбасадор Олег Шчербак.

„Во вторник, Никола Димитров како човек со изгубено национално чувство, по налог на Џес Бејли и Чарлс Гарет ќе протера руски дипломат во Скопје. На собирот, меѓу народот, лично ќе биде рускиот амбасадор Олег Шчербак да му ја врачиме македонската поддршка на рускиот народ и рускиот дипломат!“, стои во повикот на партијата на Јанко Бачев.

Единствена Македонија не ја прифаќа како што велат „срамната и непријателска одлука спрема Русија за протерување на рускиот дипломат“.