Оглас за вработувања во Јавното претпријатие за државни патишта
Јавното претпријатие за државни патишта, објави оглас за вработување на работници на определено време до крајот на 2018 година. Според огласот Агенцијата за патишта вработува советник за правни работи, подготовка и следење на експропријација, во Одделението за правни работи, застапување, подготовка и следење на експропријација во Секторот за правни работи, човечки ресурси и општи работи, четворица извршители. Основната плата изнесува 33.540 денари
И еден советник за односи со јавност, во Одделение за организирање и поддршка на работата на Директорот со основната плата изнесува 33.540 денари.
На огласот Агенцијата за патишта бара да вработи и еден самостоен референт технички секретар на Директорот, во Одделение за организирање и поддршка на работата на Директорот со основната плата изнесува 24.752 денари.