Нова година
Лејла Сабит
Некој се радува.
Некој тагува.
Некој се надева.
Некој е разочаран.
Некој молчи.
Некој не затвора уста.
Некој ќе троши.
Некој ќе штеди.
Некој ќе слави.
Некој ќе седи дома.
Некој ќе биде среќен што е жив и здрав.
Некој има.
Некој нема.
Некој не знае што да прави со парите.
Некој не знае што да прави со социјалната помош.
Секоја Нова година сме на крстопат и како граѓани и како држава.
Една година ќе бидеме постари, ама којзнае дали и помудри.
Има и бетер, зависи дали зборувате македонски или англиски.
Животот го прават малите нешта, малите радости, драгите луѓе, патувањата…
Затоа во новата година не е битно што ќе облечете, што ќе подарите, колкава елка ќе накитите, што ќе зготвите, дома или во странство, сами или во друштво.
Битно е животните лекции да нѐ одведат на прав пат.
И како граѓани и како држава.
Среќна Нова 2018 година!