Неморал донесен од западот: Оваа земја го забрани Денот на вљубените


Втора година по ред, во Пакистан е забрането рекламирањето и промоцијата на Денот на вљубените откако исламскиот суд ослучи дека овој празник е апсолутно неисламски.

Поради ваквата одлука, медиумите биле предупредени да не рекламираат или форсираат теми кои се поврзани со овој ден.

Според исламскиот суд, овој празник е неморал донесен од западот и сметаат дека младите треба да ја прекинат традицијата на дарување цвеќе, срца и чоколада за Свети Валентин.