Неделен хороскоп
ОВЕН: Работа: Иако се соочувате со нови одговорности, како и резултати од претходно завршените, знаете дека имате поддршка од авторитетите, па сега ќе бидете поопуштени.
Љубов: Викендот влегувате по инерција во славеничко расположение и спремни да минете поголем дел од времето со своите сакани и пријатели. Ќе се забавувате и со своите деца.
Здравје: Освен можните главоболки и проблеми со очите, нема да биде лошо да внимавате на диетата бидејќи некои од вас претераа во славењето. Намалете со она што било премногу.
БИК: Работа: Знаете дека ве чекаат заостанати работи и должности, но сепак ќе бидете по малку мрзеливи и бавни во нивното остварување. За среќа, ќе се појават нови партнерски понуди.
Љубов: Едвај ќе го дочекате викендот за да минете време со своите љубени, со кои ќе вкусите нова храна и ќе уживате во добра песна. Со весело расположение ќе влезете во новата седмица.
Здравје: Ако се прашувате вие, најмногу би седеле дома по влечки и би си се одмарале до заборавање. Потребен ви е одмор, како и симнување на тежината здобиена за празниците.
БЛИЗНАЦИ: Работа: Од понеделник повторно влегувате во работната шема, која сега веќе има поконкретен облик. Малку сте изморени од константното движење и прилив на информации.
Љубов: Ова е поле каде што ќе може да се пофалите со некоја информација и средби со помлади личности. Генерално ќе бидете во добро расположение и ќе сакате да се забавувате.
Здравје: Ако нешто ви смета, тоа е нечистиот воздух и затворените простории на работното место. Викендот ќе сакате да го минете дома и да ги обновите своите сили во познат амбиент.
РАК: Работа: Проектот што го започнавте неодамна веќе добива свој изглед, па и покрај можните одолговлекувања, сепак ќе увидите дека со ваш удел нештата ќе се придвижат во сакан правец.
Љубов: Не можете да се пожалите дека околу вас нема потенцијални партнери, но ќе треба да внимавате да не ги избркате со својата надменост и самодоволност. Сепак ќе се забавувате.
Здравје: Се интересирате како да ги подобрите своето здравје и кондиција, но немојте да претерате со купување лекови кои само ќе ви седат на полиците. Воведете си диета.
ЛАВ: Работа: Секојдневно се среќавате со различни карактери на луѓе од кои добивате инспирација како да напредувате на професионалното поле. Конечно нешто се случува.
Љубов: Вашиот шарм е познат надалеку и ќе имате многу шанси да остварите средби и незаборавни моменти шалејќи се филозофски и со голем оптимизам со своите сакани.
Здравје: Ќе внимавате на ‘рбетот, како и на болките во коските, а доколку претеравте со хедонизам за празниците, не е лошо да направите детоксикација, како и мала диета.
ДЕВИЦА: Работа: Веќе некое време сте во континуирано движење и во контакт со многу информации, од кои веќе ве боли глава. Имате нагласено чувство дека сѐ зависи токму од вас.
Љубов: Најмногу сакате својата љубов да ја искажете правејќи ситни услуги во име на своите сакани и сега ќе имате многу шанси да се дадете и да го направите токму тоа на сериозен начин.
Здравје: Викендов ќе внимавате на нагласената нервоза бидејќи се чини дека сите го бараат вашето внимание, па тоа може да се одрази врз дигестијата и да предизвика непотребен стрес.
ВАГА: Работа: Размислувате како да ја подобрите својата финансиска состојба и контактирате со роднините и пријателите во странство, иако сѐ уште без конкретна идеја. Можни нови понуди.
Љубов: Ова поле е полно со изненадувања и играте на две карти. Се прашувате дали да продолжите со нешто веќе започнато или да почнете нешто сосема ново и возбудливо.
Здравје: Покрај редовните тешкотии, ќе треба да внимавате што тоа внесувате во уста и дали тоа предизвикува континуирано воспалување. Сепак, најмногу ви е потребна релаксација.
СКОРПИЈА: Работа: Некои од вас дојдоа во прв план користејќи недозволени методи или туѓи модели и идеи за напредување, па и покрај новитетите внимавајте да не излезе тоа во јавност.
Љубов: Барате сериозност од вашиот партнер, иако не е многу јасно во кој правец сакате да напредувате. Барате инспирација гледајќи кон пријателите. Нема да ви недостига храброст.
Здравје: Инсистирањето да се докажете на работното место може да ве истошти во голема мера, па најдобро ќе биде да одморите и да внимавате со каков вид храна се храните.
СТРЕЛЕЦ: Работа: Многу почнати проекти се веќе во туѓа надлежност, а како награда ве очекуваат посериозни ангажмани, каде што ќе може да го потврдите своето знаење и искуство.
Љубов: Ве очекува убава и спонтана комуникација со вашите сакани, како и топла размена на емоции. Весели и расположени, наоѓате нова искра која ќе ја разгори вашата интимна арена.
Здравје: Ќе внимавате на можните настинки, како и на загадениот воздух, а не е лошо да обрнете поголемо внимание на денталното здравје. Најдете време за медитација или спорт.
ЈАРЕЦ: Работа: За вас годината започна работно и со реална проценка на општата ситуација, па сега се обидувате да дојдете до практични решенија кои ќе ве донесат до саканиот просперитет.
Љубов: Се чини дека успевате да ги шармирате сите околу вас и наоѓате време за дружење со своите пријатели. Сето ова го правите со леснотија давајќи и сериозен тон на комуникацијата.
Здравје: Добро ќе биде да ја заштитите главата и појдете на очен лекар, но доколку е потребно и да направите контрола на забар. Облекувајте се соодветно и заштитете се од ладното време.
ВОДОЛИЈА: Работа: Нејасната финансиска состојба ви предизвикува одреден немир, но ќе најдете начин да истраете и им предложите на претпоставените нови начини и идеи за работа.
Љубов: Многу дружење со пријателите, како и со дел од колегите со кои имате тајни симпатии. Дел од ова ќе се одвива јавно, а поголемиот дел ќе остане во тајност, како и долго сеќавање.
Здравје: Освен тешкотиите со циркулацијата, сега најмногу ви е потребен одмор, особено по големите проекти што ги започнавте минатата година. Не земајте лекови на своја рака.
РИБИ: Работа: Неизвесноста околу финансиската состојба ќе почне да се намалува, како и дел од започнатите одговорности. Нови информации на работното место, како и планови за иднина.
Љубов: Викендов ќе имате шанси да излезете во јавност и да се видите со своите пријатели и потенцијални партнери, но и минати љубови. Нежни и романтични, веќе имате некој на ум.
Здравје: Доколку се соочувавте со нетолеранција на одреден вид храна и си воведовте соодветни диети, сега ќе ја увидите користа од тоа. Генерално ќе бидете во добра кондиција.
Ирена Танчева
[email protected]